Италија
Тирам го урна бедемот на Верона, Копмајнерс ја потврди победата на Јувентус (Видео)

Јувентус доживеа две болни елиминации во Лигата на шампионите и Копа Италија во краток временски интервал, но тимот на Тиаго Мота барем успева да одржи континуитет кога се во прашање настапите во Серија А.
Последниот пораз од Емполи во Купот донесе огромно незадоволство во Торино и беше јасно дека атмосферата нема да биде баш најдобра оваа понеделничка вечер, но избраниците на Мота успеаја да го пронајдат патот до победата, иако беше тешко да се пробие бедемот на Верона.
Гостите пристигнаа на „Алијанц стадионот“ со цел да ги одбранат почетните 0:0, па откако играа „бункер“ цело прво полувреме, во самиот финиш видовме еден неверојатен гол во мрежата на Ди Грегорио.
Голманот на Јувентус не мрдна по „бомбата“ на Суслов, но среќна околност за домаќините беше тоа што во зачетокот на акцијата имаше офсајд, што значеше дека погодокот нема да се запише на семафорот.
Ова беше доволно јасен сигнал за Јувентус дека мора да биде поконкретен пред противничкиот гол, па по низа неискористени шанси, противничката мрежа конечно ја погоди Кефрен Тирам.
Французинот го отвори резултатот во 73-та минута и донесе предност за Јувентус, тим кој до крајот постигна уште еден гол преку Копмајнерс за потврда на победата (2:0).
За Јуве ова е петта победа во низа во Серија А, што прави тимот да се врати на четвртото место на табелата.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Формула 117 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија14 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија16 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства12 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Англија10 часа
Одегард посебно мотивиран: Едвај го чекам натпреварот против Реал