Поврзете се со нас

Европски купови

Тинекс Пролет немоќен во дуелот со шпански Гранолјерс

Објавено

на

Тинекс Пролет загуби убедливо на гостувањето кај шпански Гранолјерс со резултат 36:21 и ја задржа само теоријата за пласман во следната фаза од квалификациите за ракометната Лига Европа.

Гранолјерс уште на полувреме водеше со 16:11 и го најави епилогот на натпреварот, а во второто полувреме дополнително ја зголеми предноста во дуелот со македонскиот претставник.

Пејовиќ и Палевски со по 4 голови беа најефикасни во редовите на Тинекс Пролет.

Во тимот на Гранолјерс најдобар реализатор беше Маркес Колома со 9 голови, додека Валер Ровира го заврши дуелот со 5 погодоци.

Вториот натпревар се игра веќе утре од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни