Поврзете се со нас

Шпанија

Тинејџерот Јамал промаши два чисти зицери, па им се извини на навивачите на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона загуби од Атлетико Билбао со 4-2 и за кратко време остана без можност за уште еден трофеј во оваа сезона, поточно доживеа нов неуспех по оној во Супер Купот.

Продолженијата беа кобни за каталонците, дополнителни минути во кои браќата Ињаки и Нико Вилијамс постигнаа два гола за ерупција на „Сан Мамес“. Меѓутоа можеше лесно да се случи да нема продолженија во Билбао затоа што во регуларниот дел младиот Ламин Јамал промаши две колосални шанси.

Тој во првиот дел даде атрактивен гол, ама во второто полувреме имаше два зицери, првиот во 65, вториот во 86 минута кога промаши празен гол.

Јасно е дека можеше и подобро да реагира во тие ситуации, меѓутоа офанзиецот има само 16 година и јасно е дека вакви работи се случуваат, но дефинитивно импресионира неговата зрелост со оглед на тоа што тој прифати дел од одговорноста и им се извини на навивачите по натпреварот.

-Оставивме се на теренот, ама не поминавме. Извинете Кулес за грешките. Ќе продолжам да работам, не познавам друг начин, -порача тинејџерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни