Поврзете се со нас

Англија

Тинејџерот Енсисо со „проектил“ ја продлабочи кризата на Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/JournoHaff

Составот на Челси продолжува да ги разочарува своите навивачи, па така попладнево претрпе уште еден пораз и тоа од екипата на Брајтон (2-1).

Домаќините имаат многу проблеми пред се со ефикасноста, а денеска не им помогна и тоа што први го отворија резултатот со голот на Галагер во 13 минута. Гостинскиот тренер Де Ѕерби мораше да направи две измени во првиот дел, а токму нововлезениот Велбек израмни на 1-1 во 42 минута.

Овој резултат беше активен до 70 минута кога 19-годишниот Енсисо со „проектил“ го матираше Аризабалага.

Брајтон сега со 49 бода е на 7 место на табелата.

Останати резултати: Вулверхемптон-Брентфорд 2-0, Саутемптон-Кристал Палас 0-2, Тотенхем-Борнмут 2-3, Евертон-Фулам 1-3

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни