Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тинејџерот е опасен и кога е паднат на земја: Јамал му продаде генијален „тунел“ на дефанзивецот на Наполи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите со две голобради момчиња во стартната постава, бидејќи покрај Ламине Јамал, вчера во почетниот тим на Чави беше и Пау Кубарси.

И двајцата брилијираа против Наполи и покажаа дека фановите не треба да се грижат додека функционира „Ла Масија“ школата во Барселона, па иако Кубарси вчера ги украде насловните страни поради тоа што го доби МВП признанието од УЕФА, за истакнување е и еден потег на Јамал.

Ламин има само 16 години и веќе се научи да игра на највисоко можно ниво, а вчера го издрибла Оливера дури и во ситуација кога падна на земјата.

Јамал се лизна пред да ја прифати топката, но потоа извонредно се снајде и му продаде „тунел“ на противничкиот дефанзивец.

Младиот фудбалер се избори за прекршок и побара поддршка од фановите на Барса, а набрзо после ова, домашниот тим го реши мечот и ги постави конечните 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни