Тин-сензацијата Гоф доби покана за Ју-Ес Опен

coco-gauff

Американската тенисерка Кори Коко Гоф беше анонимна за пошироката тениска јавност пред последното издание на Вимблдон, но нејзините настапи во Лондон ја претворија во вистинска сензација.

Иако има само 15 години, Гоф најпрвин ја елиминираше Венус Вилијамс, а потоа стигна и до четвртото коло на Вимблдон, патем соборувајќи неколку рекорди. Ваквиот ефект и донесоа вајлд-карта или покана од организаторот за учество на претстојниот Ју-Ес Опен.

Гоф ќе има многу повеќе фанови во Њујорк и ќе има можност да потсети на блескавите денови и мечеви кои ги одигра на Вимблдон. Организаторите објавија дека со ваква покана, на Ју-Ес Опен ќе настапи и победничката од 2011 година, Саманта Стосур.

Facebook Коментари