Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тимур е на чекор до 1000. погодок во ЛШ, но се уште го памети првиот гол во елитното натпреварување (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Вардар е пред нов тежок предизивк во Лигата на шампионите и тоа во Унгарија против составот на ПИК Сегед.

Ова е дуел на кој „црвено-црните“ сакаат да ја прекинат серијата на лоши резултати, а за да се случи тоа дефинитивно ќе мора да ја имаат помошта на Тимур Дибиров. Искусното руско крило е можеби и клучен играч сезонава кој освен како крило знае да игра и како бек и да ја разигрува екипата.

Пресметката за Русинот во Сегедин може да биде посебна затоа што тука може да дојде до јубилејниот 1000. гол во ЛШ. Тој сега е на бројката од 997 погодоци што значи е на чекор да влезе во клубот на посебни асови.

Во пресрет на овој натпревар Дибиров зборуваше за официјалната страна на Вардар каде не можеше да избере, посочи кој гол му е најдраг, ама дефинитивно откри дека се уште го памети првиот гол во елитното натпреварување кој го дал против Горење во Словенија како член на Чеховски Медведи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни