Поврзете се со нас

Формула 1

Тимскиот шеф за неубедливиот старт на Ферари: Имаме послаби перформанси само од Мекларен

Објавено

на

Ферари не се прослави на првата трка од новата сезона во Формула 1, па Шарл Леклер и Луис Хамилтон поминаа полошо и од квалификациите и на крајот ги освоија осмото и десеттото место.

Комплицираните услови на патеката, односно промените на временските услови иницираа една погрешна одлука на Скудерија, со која Хамилтон остана без можност да се бори за многу подобра позиција.

Тимскиот шеф Фредерик Васер во својата прва анализа го признал тоа, но е убеден дека трката во Мелбурн не ги прикажала реално перформансите на болидите и дека Ферари не заостанува толку зад ривалите.

– Немавме добра комуникација со Хамилтон и тоа е нешто што мора да го промениме на следната трка.

– Денешните услови за тркање не дозволија да се испорачаат реални перформанси, петочните тренинзи и втората квалификациска сесија се пореален приказ за тоа.

– Она што го видовме во петокот и саботата е поблиску до можностите на Ферари, но дури и во таква ситуација, Мекларен е еден чекор понапред. Очекувам следниот викенд да имаме поразлична ситуација, – рекол Васер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни