Формула 1
Тимскиот шеф на Торо Росо за „ДЕРБИ“: Ред Бул ќе победува со Хонда!
За „Дерби“ од Абу Даби,
Александар Табаковски
Франц Тост е тимски шеф на Скудерија Торо Росо, втората екипа на Ред Бул која освен што служи како полигон и академија за млади возачи кои бараат начин да дојдат до конкурентно седиште во светското првенство, оваа година работеше со Хонда на развивање на моторот што во иднина ќе се употребува и од страна на Ред Бул како замена за Рено.
Покрај новите правила за предното и задното крило, оваа смена на погонскиот агрегат е една од најголемите и највлијателните во Формула 1 за 2019 година, а од нејзината успешност зависи и дали Ред Бул ќе остане во овој спорт по 2021 година.
– Ние работевме напорно со Хонда за да ги унапредиме перформансите, бидејќи тука не станува само збор за изработка на еден мотор, туку во игра се повеќе единици кои треба да се вкомпонираат и оптимизираат: моторот со внатрешно согорување, турбо полначот, двата електро мотора и акумулаторот. Мислам дека успеавме во тоа и дека следната година ќе имаме уште подобар пакет. Верувам дека со тој пакет Ред Бул ќе победува на трки. Сценариото за повлекување во случај да изостанат победите не верувам дека ќе не заобиколи и нас, ако Ред Бул реши да се повлече, сигурно ќе го затвори и овој тим. Дали Ферстапен може да стане шампион? Па ако му се даде добар и издржлив болид, мислам дека покажа квалитети кои се потребни за такво нешто,- рече Тост за „Дерби“.
Во новата сезона Пјер Гасли од Торо Росо преоѓа во Ред Бул за да вози покрај Ферстапен, додека во Торо Росо денеска беше објавен Александар Албон, Британец кој вози под знамето на Тајланд. Според претходните најави, во тимот би требало да се врати Русинот Данил Квјат, кој претходно беше дел од сениорскиот тим на Ред Бул.

Photo credit: Derbi.mk
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 18 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 20 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)