Тимски колега го „чуваше“ првото место на Маса, па предизвика картинг тепачка (Видео)

karting

Љубителите на картинг трките викендов беа шокирани од драматичната ситуација на трката 500 милји карт, на која се случи физичка пресметка меѓу двајца натпреварувачи.

За да биде поинтересно дел од приказната е и поранешниот Формула 1 возач Фелипе Маса, чиј тимски колега го предизвикал инцидентот.

Додека Маса бил на првата позиција, неговиот тимски колега Родриго Дантас се обидел да го успори Тука Роча, кој пак се обидувал да го загрози првото место на Бразилецот. По нивниот контакт и излетувањето од патеката, дојде до физичка пресметка, за подоцна двата тима да бидат дисквалификувани, а да пристигне извинување и од самиот Маса кој е сопственик на тимот.

Дисквалификацијата овозможи победа на тимот на Рубенс Барикело во кој покрај поранешната Ф1 ѕвезда настапуваше и неговиот син.

Facebook Коментари