Поврзете се со нас

Македонија

Тимската стратегија во преден план: Џиролами го доби подиумот пред Давидовски!

Објавено

на

Македонскиот пилот Виктор Давидовски имаше одличен настап на седмата трка од европското првенство за возила со ТЦР хомологација, при што на утринските квалификации го освои третото место, додека неговиот клубски колега Франко Џиролами беше осми.

Возачот на „ComToYou Racing“ низ првиот свиок мина како втор, благодарение на извртувањето на Феличе Јелмини, но потоа се најде рамо до рамо со поранешниот европски првак Џош Фајлс, кој на крајот успеа да излезе пред него. Кога Џиролами успеа да ги престигне другите, Давидовски џентлменски му ја отстапи позицијата на колегата бидејќи тој се бори за титулата во ТЦР Европа.

– Во текот на квалификациите увидовме дека сме конкурентни повеќе од што очекувавме и добив порака да атакувам на пол позицијата. Нецели седум стотинки ме делеа од првото место кое е исклучително значајно на секоја градска трка. Инженерите перфектно го наштелуваа возилото и беше задоволство да се вози на Норисринг. За жал, во трката направив една и единствена грешка, кога на првиот свиок не уфрлив во саканиот степен на пренос, па Џош Фајлс ме престигна. Ја имавме брзината за да му се реваншираме, но фактот што девет круга се возеа зад возилото за безбедност му помогнаа да остане на второто место. Тимската дисциплина беше примарна денес и се радувам што на крајот освоивме трето и четврто место како поединци, но ја зголемивме предноста на табелата во екипна конкуренција. Утре не очекува уште една интересна трка,- објави Давидовски на социјалните мрежи.

Во трката победи Мајк Халдер со Хонда, пред Џош Фајлс со Хјундаи и Франко Џиролами со Ауди.

Преносот од втората трка на Норисринг ќе се емитува од 18.10 минути на програмата на „Телевизија 24“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PssRacingTeam (@pssracingteam)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни