Боречки спортови
Тимовите на Џошуа и Фјури договориле дуел за обединување на појасите во тешка категорија

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе се соочат во рингот во блокбастер борба, која денеска ја најави промотерот Боб Арум.
Британскиот дуел кој ќе донесе комплетирање на сите појаси од еден од двајцата боксери беше предмет на преговори изминатиот период, а Арум потврдил дека несогласувањата се решени и големите ривали ќе се соочат наредниот период.
Џошуа е сопственик на појасите во ИБФ, ВБО и ВБА верзиите, додека Фјури е ВБЦ шампион во тешка категорија, па победникот ќе ги обедини појасите во сите важни верзии во тешка категорија.
Фјури одамна го предизвикуваше Џошуа, а тој прифати да се организира ваков спектакл уште по триумфот над Кубрат Пулев во декември.
Засега не е јасно во кој термин ќе биде организирана борбата, но двете страни наскоро веројатно ќе ги објават деталите.

- Англијапред 21 час
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Македонијапред 24 часа
Ново заминување од „црвено- црниот“ табор: Уште еден ракометар си оди од Вардар
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 20 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 23 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 20 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 20 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига