Боречки спортови
Тимот на Тајсон образложи зошто Мајк го претепал патникот во авионот

Американскиот таблоид „ТМЗ“ вчера објави ексклузивен материјал во кој се гледа како Мајк Тајсон удира непознато лице во авион, а бидејќи видеото стана вирално и предизвика многу реакции, со соопштение во јавноста се јави тимот на легендарниот боксер.
Медиумите веќе открија дека Тајсон брутално одговорил на провокациите кои пристигнале од момчето, кое подоцна зажалило за своето однесување и со раскрварено лице го напуштило авионот.
Ова се случило пред летот на Тајсон од Сан Франциско кон Флорида, по што боксерот се симнал од леталото и бил да даде изјава во полиција во врска со инцидентот.
– За жал, Тајсон имаше инцидент пред летот кон Флорида со агресивен патник кој го навредуваше и го омаловажуваше. Тој му фрли шише вода и тука дојде до реакција, – гласи објавата на тимот на Тајсон.
Најновите информации велат дека патникот исто така дал исказ откако му била укажана лекарска помош, но засега непознато е дали случајот ќе заврши на суд.
-
Италијапред 24 часа
Фудбалски „идиот на месецот“: Играч на Венеција го шутна Пелегрини во меѓуножјето (Видео)
-
АТПпред 23 часа
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 23 часа
Чави со искрена изјава за можното заминување на Де Јонг: За мене тој е многу важен, но….
-
Англијапред 8 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Германијапред 5 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 11 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус