Тимот на шампионатот во Полска: Германците и Шпанците доминираат во идеалната единаесетка!

arnold i asensio

Во текот на вчерашниот ден беше спуштена завесата на европскиот шампионат за млади играчи во Полска на кое ние за прв пат настапивме на едно вакво големо натпреварување.

Пехарот отпатува за Германија, селекција која во завршниот меч славеше над фаворизираната Шпанија со 1-0 со одличниот погодок на Вајзер во првиот дел.

По ова УЕФА го одбра и тимот на турнирот, идеалната единаесетка која го одбележа овој младински елитен собир на најдобрите. Сосема очекувано во составот доминираат Германциите и Шпанците со девет играчи, останатите двајца се Федерико Бернардески од Италија и дефанзивецот Милан Шкриниар од Словачка.

Тим на турнирот:

Голман: Џилијан Полерсбек (Германија)

Одбрана: Милан Шкриниар (Словачка.), Никлас Штарк, Јаник Герхарт, Џереми Толјан (Германија)

Средина: Макс Мајер, Максимилијан Арнолд (Германија), Саул Нигез и Дани Себалјос (Шпанија)

Напад: Федерико Бернардески (Италија) и Марко Асенсио (Шпанија)

Facebook Коментари