Поврзете се со нас

Италија

Тимот на Конте е зрел да се бори за титула: Наполи со фантастичен пресврт го освои Бергамо (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте заработи тежок и незгоден удар во јануарскиот преоден рок и продажбата на Квича Кварацхелија, но и без грузиската ѕвезда во тимот, овој состав на италијанскиот стручњак изгледа доволно зрело да се бори за титулата.

Тоа беше презентирано на денешното тешко гостување во Бергамо, каде гостите од Неапол успеаја да се вратат и да се изборат за јуначки пресврт против Аталанта.

Тимот кој му нанесе тежок пораз на Конте во првиот дел од сезоната денеска остана немоќен во извонредната фудбалска претстава на „Гевис“ стадионот, а клучен фактор беше Ромелу Лукаку кој умешно се снајде по еден центаршут на Ангиса во 78-та минута.

Корпулентниот напаѓач се избори за позиција и погоди со глава за 2:3, момент кој се покажа како клучен за пресврт победата на „наполитанците“.

Претходно, големото дерби стартуваше со мајсторски гол на Ретеги за водство на домаќините од 1:0, но Наполи се врати до крајот на првиот дел, односно направи целосен пресврт со головите на Политано и МекТомини.

Аталанта не се откажа и преку Лукман возврати на стартот на вториот дел, но пресуден момент беше погодокот на Лукаку по кој Наполи сега е лидер со шест бода повеќе од Интер, односно седум од Аталанта.

Само за напомена, Интер има два меча помалку во овој момент, па во случај на две победи, италијанскиот првак би имал ист број на бодови со актуелниот лидер.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни