Поврзете се со нас

Европски првенства

Тимот кој игра најдоминантен фудбал на ЕП е најголемо изненадување за Мурињо

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо имаше своја прогноза пред стартот на Европскот првенство, а мора да се каже дека половина од истата се исполни до оваа полуфиналната фаза во Германија.

„Специјалниот“ ги посочи Англија, Португалија и Франција како главни фаворити за титулата, но сега после три недели од стартот на Европското првенство, Жозе вели дека најголемо изненадување за него е тимот кој игра најдоминантен фудбал.

– Секогаш има фрустрација кога Португалија ќе испадне порано од полуфиналето. Особено кога се знае дека можело подобро. Потенцијалот на тимот беше екстремно висок, но не го искористивме тоа.

– Не бев далеку од вистината кога реков дека Португалија, Франција и Англија се главни фаворити за титулата. Два од тие тима ќе играат во полуфиналето.

– За мене, Шпанија е најголемо изненадување на турнирот. Начинот на кој еволуираа е неверојатен, па практично тие се нов тим. Но, тие покажаа дека се најдобар тим во моментов, играат најдобар фудбал на турнирот во Германија, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни