Поврзете се со нас

АТП

Тим застана во одбрана на Ѓоковиќ: Тој не прекрши ниту еден закон, нападите се…

Објавено

на

Најдобриот австриски тенисер и еден од најдобрите во светот во овој момент, Доминок Тим застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ претрпе многу критики за неговата организација поради турнирите во Белград и Задар, поточно поради фактот што се појавија позитивни случаи на коронавирусот меѓу учесниците, тренерите, група во која беше и првиот светски рекет.

Тим кој беше дел од турнирот во Белград сепак не разбира зошто голем број од луѓето и колегите го напаѓаат Ноле од проста причина што тој не прекршил ниту еден закон.

-Не ми е јасно зошто толку го напаѓаат Ѓоковиќ. Тој не прекрши ниту еден закон. Тоа мора јасно да се каже.

-Бев во Ница, видов слики од други градови … Ситуацијата не се разликува од таа што беше во Белград. Ама тие сакаат да го нападнат Новак. Тоа е евтино, -истакна Тим кој застана и зад Александер Зверев.

-Се однесуваат кон него како да е дете, но тоа е човек од 23 години. Секако направи грешка но не разбирам зашто сега сите се мешаат и го напаѓаат, -рече Австриецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни