Тим пресилен за Зверев, обезбеди место во финалето во Лондон

tim-duva

Доминик Тим е вториот финалист на завршниот Мастерс турнир во Лондон, откако вечерва го победи Александер Зверев со 2:0 во сетови (7:5/6:3).

Првиот сет беше понеизвесен, но австрискиот тенисер ги искористи грешките на Зверев во дванаесеттиот гејм, спречувајќи тај-брејк завршница.

Во вториот сет, Тим порано обезбеди брејк, па предноста ја задржа до крајот за сигурен пласман во финалето.

Противник на Тим утре ќе биде Стефанос Циципас.

Facebook Коментари