Тим одново го разоружа Федерер и обезбеди прва победа во Лондон

tim-duva

Доминик Тим ја забележа и третата победа против Рожер Федерер во актуелната сезона, а по онаа на Мастерсот во Индијан Велс, оваа вечерва беше убедливо најважна во неговата кариера.

Австриецот ја забележа првата победа во првото коло во својот четврти обид на завршните Мастерс турнири во Лондон, откако успеа одново да го разоружа Швајцарецот со својата доминантна и агресивна игра од основната линија за која Федерер не успеа да најде решение. Тим го доби првиот сет со 7:5 откако направи клучен брејк при 5:5, а тоа се повтори и во вториот сет, за потоа на свој сервис да го заокружи вториот меч во „О2“ арената со победа од 2:0 по сетови.

Претходно, во првиот меч од оваа група, Ѓоковиќ со убедливи 2:0 го победи Беретини.

Facebook Коментари