Поврзете се со нас

АТП

Тим објасни зошто не пристигна во Белград: Паднав во црна дупка, ќе видиме дали ќе излезам

Објавено

на

Доминик Тим минатата година го освои првиот грен слем во својата кариера со триумфот на Ју-Ес Опен, а иако истата сезона ја доработи на нависитна солиден начин и играше во финалето на завршниот Мастерс во Лондон, од стартот на новата 2021-ва година бележи катастрофални резултати.

Австриецот е едноставно непрепознатлив и поради лошата форма самиот одлучи да направи пауза одредено време, па иако беше најавено дека ќе биде еден од специјалните гости на турнирот во Белград, Тим реши да ја одбие поканата и да не се појави.

– Имам вроден проблем со колената и често знае да се појави. Луѓето се запознаени со тоа, но сега ми беше повеќе време за да исчезнат болките. Имав болки во Австралија, па затоа решив да направам пауза откако видов дека нема напредок.

– Јас имав јасна цел, цела кариера се борев да стигнам до грен слем трофеј и тоа промени се. Сепак, тенисот е брза игра, нема време за уживање во победата. Ако не си 100 проценти подготвен, веднаш губиш. Најдобро е да не играм турнири во овој момент. Затоа не заминав за Белград. Ако отидев и загубев во првата рунда, ќе влезев во уште понегативна серија.

– Факт е, паднав во црна дупка, ќе видиме дали ќе можам да излезам. Се надевам дека ќе го направам тоа, сакам да го прикажам своето најдобро лице на Ролан Гарос, – потенцира Тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни