Поврзете се со нас

НБА

Тим Леброн против Тим Дурент: Познати се првите петорки за Ол-стар мечот во Атланта (ФОТО)

Објавено

на

Оваа година 70. Ол-стар меч во НБА лигата ќе се одигра во Атланта на 7 март, кошаркарски спектакл за кој веќе се познати почетните петорки.

Играчите, фановите и медиумите ги формираа тимовите, па така на Западот го имаме тимот на Леброн Џејмс во кој освен „кралот“ се уште Лука Дончиќ, Стеф Кари, Каваи Ленард и Никола Јокиќ.

Кога е во прашање Истокот, капитен ќе биде Кевин Дурент кој во својата екипа на располагање ќе ги има Жоел Ембид, Јанис Адетокумбо, потоа Бредли Бил од Вашингтон Визардс како и неговиот соиграч од Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни