Поврзете се со нас

АТП

Тим: Кирјос? Не сакам повеќе да зборувам за него

Објавено

на

Најквалитетниот австриски тенисер, Доминик Тим не сака повеќе да разговара за Ник Кирјос, колега кој изминатиов период директно го прозва по неговата изјава дека Новак Ѓоковиќ не направил ништо лошо со организацијата на турнирите од проста причина што не прекршил ниту еден закон.

Тим застана во одбрана на Ѓоковиќ: Тој не прекрши ниту еден закон, нападите се…

Кирјос жестоко му одговори на Тим и не заборави уште двајца: Овие тројца се елитата во нашиот спорт (Фото)

-Не сакам повеќе да зборувам за тоа. Ник има свое мислење што е сосема различно од моето. За неколку недели, сите ќе заборават што се случило. Се вративме по карантинот, видовме дека навивачите се таму, дека се среќни и ги заборавивме правилата. Ние нема да ги повториме тие грешки, -истакна Тим кој се надева дека за брзо време ќе се врати вистинскиот тенис и возбудувањата.

-Се чувствувам многу добро. Играв многу егзибициски натпревари во последните два месеци и не сум уморен. Сакам сезоната да продолжи што е можно поскоро, -порача третиот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни