Поврзете се со нас

АТП

Тим излезе со свој заклучок за „GOAT“ дебатата по поразот на Ѓоковиќ во финалето во Њујорк

Објавено

на

Доминик Тим поради повреда на зглобот пропушти добар дел од актуелната сезона и не можеше да ја брани титулата на Ју-Ес Опен, турнир на кој неговиот престол го наследи Данил Медведев.

Рускиот тенисер го спречи Новак Ѓоковиќ во обидот да испише историја и не му дозволи да го комплетира календарскиот слем за кој толку многу се зборуваше во изминатите месеци, а минатогодишниот победник во Њујорк смета дека намалувањето на целиот овој притисок, сега може да влијае само позитивно за светскиот рекет број еден.

По 27 последователни победи на грен слем турнирите оваа година, Новак го претрпе првиот пораз на последниот 28-ми меч и не успеа да ги освои сите четири големи турнири, успех кој последно го има остварено легендарниот Род Лејвер во далечната 1969-та година.

– Неверојатна шанса му се лизна од раце, тоа е реалноста, но сега очекувам Новак да биде уште посилен во 2022-ра година. Откако го освои Ролан Гарос, сите зборуваа за златен слем, а потоа за календарски слем. Ѓоковиќ беше под огромен притисок, никој не можеше да се стави на негово место, само тој знае како му беше. Кога вестите за календарски слем завршија, мислам дека Новак ќе биде уште посилен наредната сезона, – смета Тим кој излезе со интересен заклучок за вечната дебата околу тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња.

– За мене постојат тројца најдобри на сите времиња, Рожер, Новак и Рафа. Секој од нив направи нешто уникатно и во овој момент имаат по 20 грен слем титули. За мене останува исто како и досега. Тројцата се најдобрите во историјата и јас сум горд што можев да играм во нивно време. Се надевам дека наредната година ќе имам нови пресметки со нив на теренот, – заврши Австриецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни