АТП
Тим има јасен критериум: Најдобар тенисер на сите времиња…

Доминик Тим пред неколку години беше меѓу најдобрите тенисери на светот, но проблемите со повредите го вратија назад или поточно сега цели да дојде до формата со која освојуваше титули и играше финалиња на грен слем турнирите.
Со оглед на тоа што Новак Ѓоковиќ славеше на Австралија Опен и дојде до 22 пехар со кој се израмни со Рафаел Надал, повторно се актуелизира прашањето, темата за тоа кој е најголем тенисер во историјата.
Има различни ставови, мислења, се ставаат на вага сите достигнувања, но за Австриецот број еден ќе биде оној што ќе освои најмногу пехари на грен слем сцената.
-Според моето мислење, грен слем титулите треба да бидат главниот критериум кога ќе се одлучува кој е најдобар на сите времиња. Ги имате четирите најважни тениски турнири. Сè останато е убаво, ама не е исто. Слемовите се тие што се бројат така да „ГОАТ“ треба да биде оној со најмногу грен слем пехари, -рече Тим кој говореше за финалните средби против Ѓоковиќ и Надал.
-Во финалето на АО во 2020 година го достигнал највисокото ниво, физички и се што се однесува на тенисот. Дури и така загубив од Новак во пет сета. Практично, не можевм да играм подобро, а загубив. Тоа се кажува. Со Рафа во Париз во 2019 година. Јас исто така играв добро, не како во Австралија, но моето ниво беше високо, -заклучи Доминик.
-
Шпанијапред 21 час
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Ел Класико“ пикантерии: Винисиус имал порака за Араухо по среќниот гол, Модриќ изустил два збора по поништениот гол од ВАР (Видео)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик