Поврзете се со нас

АТП

Тим ги тргна на страна Федерер, Надал и Ѓоковиќ: Овие тројца го променија тенисот!

Објавено

на

Доминик Тим пред некое време беше меѓу најдобрите тенисери на светот, па дури и дојде до првиот грен слем пехар во кариерата и тоа на Ју-Ес Опен во Њујорк (2020).

Потоа следуваа проблеми, пехови, пауза, па сега одново се обидува да се врати во ритам и дојде на посакуваното ниво и се бори со најдобрите за пехари на најголемаат сцена. Во меѓувреме пак Австриецот се најде во фокусот на јавноста со интересниот став дека Карлос Алкарас, Френсис Тиафо и Јаник Синер го промениле тенисот.

-Играчите како Алкараs, Синер и Тиафо го сменија тенисот. Тие играат многу брзо и го подигнаа овој спорт на ново ниво. Во споредба со нив, „големата тројка“ може да се опише како дефанзивна и претпазлива.

-Оваа промена влијае и на останатите тенисери кои мораат да го менуваат начинот на игра секогаш кога играат против нив, -порача Тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни