Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш загуби од Партизан на првата контролка во Турција (Видео)

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Тиквеш имаше почетно водство на пријателскиот дуел со белградски Партизан, но противникот и фаворит на оваа средба со пресврт стигна до победата на првата контролка во Турција.

Дуелот е одигран за време на подготовките на двата тима во Анталија, а Тиквеш повел во 25. минута со гол од пенал на Ивановски.

Партизан израмнил преку Јојиќ три минути подоцна, за пред крајот на полувремето Рикардо да го комплетира пресвртот и да ги постави конечните 2:1 во корист на српскиот тим.

За Тиквеш дуелот го започнале Давков, Каракамишев, Делов, Вареловски, Љамчевски, Темелков, Наумчески, Ивановски, Лазаров, Спахиу и Барга, а во вториот дел шанса добиле и резервистите на тренерот Влатко Костов.

Следниот пријателски натпревар Тиквеш ќе го одигра против узбекистанскиот национален тим на 27. јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни