Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш се засили со кружен напаѓач од Украина

Објавено

на

ГРК Тиквеш 2014 активно работи и влече потези на пазарот, а најновиот е ангажманот на 24-годишниот Данило Осадчиј од Украина со кого е потпишан договор на две години.

Осадчиј е кружен напаѓач кој е висок 197 сантиметри, играч кој ќе треба да помогне во двата правци на теренот. Тој во Кавадарци доаѓа од шпанска Уеска каде во претходнава сезона на 30 натпревари постигнал 10 голови.

Пред да игра во Шпанија настапувал за Донбас и Мотор. Тиквеш претходно ги договори Дарио Кофилоски и Мартин Димовски, додека назначен за нов тренер беше Драган Марковиќ.

Соработката беше продолжена пак со Мартин Манасков, Срѓан Мијатовиќ и Обина Ани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни