Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш пружи силен отпор во Автокоманда, Трајкоски ја потврди победата на Алкалоид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид издвојуваа тешка победа над Тиквеш од 26:25 во последната средба од второто коло во плејофот во Суперлигата.

Гостите од Кавадарци се покажаа како многу незгоден ривал за актуелниот македонски вицешампион и малку фалеше непоразени да ја напуштат Автокоманда. Се водеше голема и жестока борба на овој дуел, а особено драматична беше завршницата во која Тиквеш имаше напад за реми, меѓутоа ударот на Манасков беше одбранет од страна на голманот Трајкоски.

Серафимов со осум и Митев со седум реализации беа најефикасни кај победникот, додека на другата страна по шест гола имаа Манасков, Симиќ и Обина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни