Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш промовираше четири засилувања за новата сезона

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска промовираше четири засилувања за идната сезона, фудбалери кои ќе му помогнат на тимот од Кавадарци во сезоната во која ќе настапува и во Европа.

Актуелниот освојувач на македонскиот Куп го ангажираше голманот талентираниот Стефан Тасев од Вардар Неготино, додека од Брегалница се доведени левиот бек Михаил Маневски и Ѓорѓи Ѓорѓиев кој настапува на десната крилна позиција.

Четвртото засилување е Давид Манасиевски од Силекс, фудбалер кој ќе го засили Тиквеш во средниот ред.

Тиквеш има големи амбиции во новата сезона, а поради тоа најави дека ќе следуваат уште неколку засилувања за тимот на тренерот Ѓорѓи Мојсов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни