Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш претстави уште две засилувања од Јужна Америка (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш 1930 промовираше уште две нови засилувања за кампањата 2024/2025 која е историска за клубот од Кавадарци со оглед на тоа што ќе настапи во Европа и тоа во Конференциската лига каде во квалификациите во првото коло ќе ги одмери силите со Бреидаблик од Исланд.

Кавадарчани интензивно се подготвуваат за тој предизвик, а во исто време претставуваат засилувања кои доаѓаат од Јужна Америка.

Вчера Тиквеш се пофали со Витор Алберто, а пак денеска официјализирани се Леонардо Гуера и Георге Араухо кои му се приклучија на клубот на подготовките во Охрид.

Пред оваа бразилска тројка беа ангажирани Мартин Стојанов, Стефан Тасев, Михаил Маневски, Ѓорѓи Ѓорѓиев и Давид Манасиевски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни