Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш посилен за бекот Андоновски

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш ГРК Тиквеш има ново име во своите редови, левиот бек Даниел Андоновски.

Андоновски играше одлично во италијански Трст во претходната сезона по што во оваа заигра за Врање (Србија) од каде доаѓа во клубот од Кавадарци и тоа до крајот на натпреварувачката 2024/2025.

Даниел сигурно ќе биде значајна опција за тренерот Грчевски на бековската позиција со оглед на повредите на дел од играчите.

Инаку Андоновски потекнува од Охрид, а нашата сцена има играно и за Вардар Јуниор и Прилеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни