Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш не се шегува: Петто летно засилување за кавадарчани пред историскиот настап во Европа

Објавено

на

Тиквеш доби ветување од градоначалникот Митко Јанчев дека проектот на кавадаречката фудбалска гордост ќе биде уште поамбициозен во новата сезона, а доказ за тоа дефинитивно се првите активности на трансфер пазарот.

Новиот шампион во Купот навистина е најактивен клуб на трансфер пазарот и ова попладне го потврди дури петтото летно засилување, сето тоа како увертите за квалификациите кои следат во Конференциската лига.

Бразилците се покажаа како одлична инвестиција за клубот од тиквешијата и денеска беше потврден третиот играч од оваа земја во првиот тим, па така Луан Силва и Робертињо добија уште еден сонародник во нападот.

Витор Алберто е нов играч од нападот за Тиквеш, а тој доаѓа како директно засилување за двомечот со Бреидлабик кој следи во квалификациите за Конференциската лига.

Пред ангажманот на Бразилецот, Тиквеш ги потврди и трансфрите на Мартин Стојанов, Михаил Маневски, Ѓорѓи Ѓорѓиев и Давид Манасиевски, а нов договор потпиша и Благојче Спиркоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни