Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш го пронајде наследникот на Стојановиќ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/grktikves

Раде Стојановиќ одлучи да ја прифати понудата од Тримо Требње и да се пресели во Словенија, па тоа автоматски значеше дека ГРК Тиквеш 2014 ќе мора да побара нов тренер.

Таа потрага по стратег е завршена и на клупата на составот од Кавадарци ќе седи, Драган Марковиќ со кого е договорена двегодишна соработка. Се работи за искусен стручњак кој има 54 година и кој последниот ангажман го имаше во Динамо Панчево.

Претходно има работено во БиХ, Германија, Полска, а во периодот од 2011 до 2016 година беше и селектор на босанската репрезентација.

foto:www.facebook.com/grktikves

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни