Поврзете се со нас

Англија

Тијаго со голема страст го одигра првиот натпревар за Ливепрул: Му одзеде топка на Канте, па се израдува како да постигнал гол (Видео)

Објавено

на

blank

Тијаго Алкантара доби можност да дебитира во дресот на Ливерпул по неговиот трансфер од редовите на Баерн Минхен.

Одличниот фудбалер од средниот ред веднаш покажа и докажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Јирген Клоп затоа што само за 45 минути успеа да додели повеќе пасови од било кој играч на противничкиот тим.

Алкантара влегуваше беспоштедно и во борбата за секоја топка, па така во еден дуел со Енголо Канте успеа да му ја одземе топката, а потоа со неговата реакција да ги „купи“ навивачите на Ливерпул.

Тијаго на дефанзивниот потег се израдува како да постигнал погодок и продолжи да трча по теренот.

Со ова 29 годишниот фудбалер покажа дека е желен за игра во новиот клуб и дека ќе даде се од себе за да се зацртаат целите кои Јирген Клоп ги поставил оваа сезона, а јасно е дека тие ќе бидат доста високи.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни