Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тијаго Силва пред магичен крај на авантурата во ПСЖ, откри и каде сака да продолжи

Објавено

на

Искусниот дефанзивец, Тијаго Силва во финалето од Лигата на шампионите ќе го има својот последен натпревар во дресот на ПСЖ.

Бразилецот од поодамна најави дека ќе си замине од францускиот шампион, а сега неговите соиграчи му приредија уникатна можност, да може да си оди од клубот со титула од Лигата на шампионите во своите раце.

По неделниот натпревар за кога е закажано финалето, Силва ќе стане слободен агент, а по вчерашната голема победа уште еднаш потврди каде сака да ја заврши кариерата.

– Сега не сакам да зборувам за мојата иднина затоа што тоа нема да ни помогне. Сакам мојот последен натпревар сите заедно да го прославиме со титула.

– Веќе кажав дека сакам да ја завршам мојата кариера овде во Европа. Одлуката беше донесена, сега работите се помирни во мојата глава. Ќе завршам во друг клуб, но моето срце ќе остане овде, -изјави Силва.

Се верува дека искусниот Тијаго Силва ќе се врати во таборот на Милан каде покажа одлични партии пред да направи трансфер во ПСЖ.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни