Поврзете се со нас

Италија

Тифозите на Наполи му испратија брутална порака на Де Лаурентис од трибините (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Тифозите на Наполи се едни од најстраствените и најгласните во италијанската фудбалска елита, но ако пред една година имаа многу причини за славје, сега се во навистина тешка ситуација во сезоната во која тимот влезе како актуелен национален шампион.

Тренерските вртелешки по заминувањето на Лучијано Спалети се покажаа како погрешна стратегија и Гарсија и Мацари „изгореа“ во намерата да го вратат тимот на посакуван пат, но воопшто добро не му оди и на Калцона кој денеска мораше да им се извинува на навивачите по срамниот пораз на „наполитанците“.

Емполи победи со 1:0 и ја продолжи мизеријата на клубот од „Диего Марадона“, а гостинските навивачи денеска испратиле и брутална порака до првиот човек, кој според нив е најодговорен за актуелната ситуација на теренот.

Аурелио Де Лаурентис навистина лоша ја изменаџира сезоната во која Наполи е бранител на трофејот, па денеска нервозните тифози на клубот побарале од него да ги продаде своите акции и да си оди.

– Де Лаурентис, слушни го нашиот глас: Продади го Наполи, – гласи бруталната порака која ја испатиле 4 илјади навивачи за претседателот на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни