Поврзете се со нас

Италија

Тифозите на Милан направија спектакл пред заминувањето на тимот за Торино, Ибра дополнително ја зовре атмосферата (Видео)

Објавено

на

Вечерва на програмата е големото дерби меѓу Јувентус и Милан, натпервар кој се претвори во директна пресметка меѓу двата големи ривали кои оваа година се борат за излез во Лигата на шампионите.

Денешната пресметка во Торино е директна пресметка на два тима кои се борат за топ четири пласман, а со оглед на тоа што влогот е навистина огромен, тифозите на Милан приредија вистинска фешта во Миланело центарот.

Околу 2 илјади фанови на Милан изрежираа спектакл во моментите кога клупскиот автобус се упати кон Торино, а атмосферата дополнително ја зовре Златан Ибрахимовиќ кој не остана рамнодушен на атмосферата.

Ибра веќе извесно време потенцира дека неверојатно многу му недостасуваат навивачите на теренот и токму поради тоа ја продолжи кариерата, па денеска не можеше да одолее на лудилото и дополнително ги запали навивачите на Милан откако стана од седиштето и ги отпоздрави верните фанови на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни