Поврзете се со нас

Англија

Тие се вистинско изненадување на трансфер пазарот во Англија: Донесовме врвни играчи, тоа влијае на самодовербата

Објавено

на

Од редовите на Астон Вила, на изненадување на многумина, сработија одлично во зимскиот трансфер период и донесоа две одлични засилувања кои со сигурност ќе го подобрат квалитетот на нивниот тим.

Нови фудбалери на клубот од Бирмингем се Фелипе Кутињо кој пристигна како позајмен фудбалер од таборот на Барселона, како и Лукас Дињ кој го реши несогласувањето со Евертон со тоа што направи перманентен трансфер на „Вила Парк“.

И двајцата ќе бидат во комбинација за натпреварот со Манчестер Јунајтед кој се игра во сабота со почеток од 18:30 часот.

– Прекрасно е што Фелипе е тука. Го познавам многу добро, имавме добар однос од претходно. Неговото име ги инспирира луѓето, тој е елитен играчи и сигурен сум дека ќе се покаже во нашиот тим.

– Воодушевени сме и што Лукас е со нас, тој е надарен играч. Двајцата ќе го направат овој тим подобар и посилен, -изјави Џерард кој потоа не ја затвори вратата за уште некој изненадувачки трансфер во Астон Вила.

– Ќе видиме, добрите играчи сакаат да играат со добри играчи, а ние засега донесовме двајца врвни играчи. Тоа влијае на самодовербата, возбудувањето е големо, но мора да останеме фокусирани на она што не чека, а тоа е натпреварот со Манчестер Јунајтед,- заврши Стивен Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни