Поврзете се со нас

Англија

Тиаго Силва го „поздрави“ ПСЖ по големиот успех кој го оствари со Тухел во ЛШ

Објавено

на

Тиаго Силва се опорави навреме за да му стои на располагање на Томас Тухел на најважните натпревари во Лигата на шампионите, а искуснииот стопер беше еден од лидерите во одбраната во фасцинантната дефанзивна одбрана на Челси во дуелот против Реал Мадрид на „Стемфорд Бриџ“.

Челси изгледа неверојатно стабилно и зрело под водство на Тухел и не му дозволи на Реал да постигне ниту еден гол во Лондон, но победата од 2:0 на „сините“ го натера искусниот бразилски дефанзивец да се наврати и на своето минато во ПСЖ, особено откако даваше изјава за „Радио Монте Карло“.

Силва на доста непосакуван начин ја заврши својата етапа во Париз, па сега тој ги дочека своите „пет минути“ и ги поздрави раководните луѓе на ПСЖ за тоа што два поранешни члена на „светците“, сега ќе играат во големото финале во Лигата на шампионите.

Францускиот првак во вторникот испадна од Сити во првото полуфинале, а Силва и Тухел втора година по ред ќе бидат дел од едно големо финале.

– Тухел е специјален за нас. За жал, во ПСЖ не му дозволија да си ја доврши својата работа, нешто што беше многу тажно да се гледа од страна. Пристигнувањето на Тухел во Челси промени многу работи за нас. Заслуживме да победиме и сега ќе играме финале.

– Ова не е одмазда кон ПСЖ, едноставно тоа се случи. Тие одлучија да си заминам и да го отпушат Тухел. Тешко е да се објасни тоа, но тоа беше нивна одлука и тоа беше навистина тажно. Сега најважно е што двајцата сме во Челси и ќе играме во големото финале, – изјави Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни