Поврзете се со нас

АТП

Тиафо заработи голема парична казна за неприфатливото однесување (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Френсис Тиафо имаше завршни обиди да се приближи до топ десет на крајот од сезоната, а иако имаше добри настапи на американската турнеја, сепак најсвежо од него останува недоличното однесување кое го имаше во Шангај.

Американскиот тенисер ја шокираше јавноста со својот испад по поразот кој го претрпе од Сафиулин на АТП Мастерсот, па така еден месец подоцна ја дозна казната која му ја изрече АТП.

Комитетот за тениски санкции реши да не го суспендира светскиот рекет број 18, но затоа му изрече висока парична казна.

Тиафо ќе мора да исплати 120 илјади долари за недолично и непрофесионалното однесување кон главниот судија, до кого испорача жестоки навреди по тесниот пораз.

Како што се вели во соопштението, Тиафо е казнет со 60 илјади долари за вербална навреда, како и со дополнителни 60 илјади долари поради недолично однесување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни