Поврзете се со нас

АТП

Тиафо со порака до Алкарас на мрежа: Не можам да те поднесам (Видео)

Објавено

на

Френсис Тиафо го намачи Карлос Алкарас и го доведе во непријатна ситуација во третото коло на Вимблдон, но сепак Американецот не можеше да го комплетира изненадувањето до самиот крај.

Тиафо водеше со 2:1 во сетови и беше блиску до брејк во четвртиот, но откако не ја искористи шансата, тој е само еден од низата тенисери кои дознаа дека Шпанецот е речиси непобедлив во петтиот сет.

По добиениот тајбрејк во четвртиот, Алкарас направи два брејка и го доби одлучувачкиот сет со 6:2, па интересно беше да се види како двајцата со насмевка и прегратка го завршуваат мечот.

Алкарас по победата призна дека одиграл меч со доста осцилации и го пофали ривалот, додека Тиафо откри што точно му кажал на Шпанецот.

– Секогаш има огромен респект меѓу нас, навистина имаме одличен однос. Тој ми порача дека е добро што ме видел во такво издание, а јас му возвратив: Не те поднесувам.

– Тоа му го кажав на шега, а потоа му посакав да има долг пат на турнирот, му посакувам се најдобро во иднина. Навистина многу го почитувам Карлос, – откри Тиафо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни