Поврзете се со нас

АТП

Тиафо изведе тениска магија на Лејвер Купот и ги стана на нозе сите во Ванкувер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LaverCup

Лејвер Купот оваа година е пократок за доста звучни имиња во светскиот тенис, но сепак тоа не значи дека фановите во Ванкувер не уживаат во магиите кои ги режираат оние кои се приклучија на проектот.

Тимот на Светот во последниот натпреварувачки ден влезе со предност од 10:2, а еден од поените донесе Френсис Тиафо кој во сингл конкуренција беше подобар од Хуберт Хуркач.

Полјакот како член на тимот на Европа мораше да му подаде рака на Американецот, но и да гледа како противникот го освојува поенот на денот.

Гледалиштето во Канада беше почестено за спектакуларен поен од страна на Френсис, кој изведе тениска магија со една импровизација на мрежа.

Тиафо покажа завидни рефлекси и успеа да добие неверојатен поен, па со тоа ги собра сите аплаузи од преполните трибини во Ванкувер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни