Поврзете се со нас

АТП

Тиафо: Ѓоковиќ требаше да остане во Србија и да пие како луд

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Френсис Тиафо повторно стигна до четвртфиналната рунда на Ју-Ес Опен и го победи тенисерот кој го приреди најголемото изненадување во претходната рунда, Австралиецот Алексеј Попирин.

Новак Ѓоковиќ беше шокиран од Попирин и остана без шанса да ја брани титулата на Флешинг Медоус, а тоа очигледно донесе и олеснување за Тиафо кој сигурно ќе имаше далеку потешка задача ако играше со Србинот.

Американецот воден од домашната публика го среди Попирин во три сета и закажа четвртфиналната пресметка со Григор Димитров, пред која на пресот говорел и за недостатокот на мотивација кај Ноле по освоеното злато во Париз.

Многумина сметаат дека Ѓоковиќ бил физички и емотивно исцрпен после сето она што го доживеа на Олимписките игри и по враќањето во Белград, па слично размислување има и Тиафо.

– Да бидам искрен, за мене беше неверојатно тоа што Новак воопшто простигна во Њујорк. Требаше да остане во Србија и да пие како луд. Да бев на негово место со освоено олимписко злато, сигурно ќе го направев тоа, – изјави Тиафо и додаде.

– Многу ми се допаѓа Ноле како личност, постојано се шегуваме кога ќе се сретнеме. Нема зошто да жали за елиминацијата, тој направи се што може да се направи во тенисот, – заврши Американецот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни