Поврзете се со нас

БИБЛ лига

ТФТ загуби од Сигал Приштина во БИБЛ лигата

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ претрпеа пораз од Сигал Приштина од 80-73 во БИБЛ лигата.

Нашиот претставник го бркаа водството на противникот во најголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено го претпреа четвртиот пораз од седмиот меч во ова натпреварување. Домаќините ги одбија првите 10 минути со 22-18, предност која до паузата дополнително ја зголемија за плус 11 (42-31).

Сигал беше поуспешен и во третиот период по што стана јасно каде ќе завршат двата бода со тоа што мора да се каже дека во завршниот период ТФТ скрати, намали дел од негативата.

Зекири со дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови беше прво име кај победникот, додека во клубот од Тафталиџе најпрецизен беше Хортон со 10 кошеви.

ТФТ во следната рунда е домаќон на Ибар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни