Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ заборави на поразите со „стотка“ против Кожув и ја заврши 2021. година на посакуван начин

Објавено

на

ТФТ Скопје стави крај на лошата серија резултати во домашното првенство и заборави на низата од пет порази едно по друго, откако вечерва на домашен терен го победи Кожув.

Скопскиот колектив од Тафталиџе делуваше импресивно во нападот на домашен терен и испорача „стотка“ во триумфот над Кожув, а најдобар доказ за добрата ноќ е тоа што играчите на ТФТ го завршија мечот со повеќе од 50 процентна успешност на шут.

ТФТ обезбеди плус десет на полувреме и во третиот период стигна до максимални плус 18, што беше најава за победата и крај на негативната серија.

На крајот, конечните 101:84 се нависитна реален епилог за тоа што се случуваше на теренот, а со овој триумф, ТФТ на посакуван начин ја заврши 2021-ва година во која нема да има предизвици до крајот.

Истото важи и за тимот од Гевгелија кој денеска не можеше да се носи со расположениот домаќин, во чии редови најдобар беше Амир Смит со дабл-дабл од 21 поен и 15 скока, следен од Костоски со 18 поени и 10 асистенции. Дабл-дабл учинок имаше и Маслинко со 15 поени и 16 скокови, а блесокот на овие тројца беше доволно да се неутрализираат 28-те поени на Симоновски и 26-те на Вилијамс во редовите на Кожув.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни