Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ триумфално мина низ Кавадарци, Гостивар лесно се справи со младите „штркови“

Објавено

на

blank

Гостивар денеска го одигра првиот натпревар во новата година во домашното првенство и на домашен терен се погрижи за сигурен триумф над вториот тим на МЗТ Скопје, кој сепак не можеше да му парира на составот кој со денешните бодови се искачи на петтото место на табелата.

Гостиварци ја затворија 2020-та година со пораз од ТФТ на гостувањето во Скопје, но затоа денеска имаа решение за младите „штркови“ кои го претрпеа и петтиот сезонски пораз во македонската кошаркарска елита.

Интересно, младите играчи на МЗТ Скопје Уни Банка отворија фантастично и изненадија во првата четвртина која ја добија со 23:29, но потоа во втората постигнаа само осум поени и тоа беше најава за поразот кој следеше. Домаќините ја преземаа иницијативата и по добиената втора четвртина од 20:8, издоминираа и во третата со 25:16 и ги разрешија сите прашања околу победникот. Последната четвртина беше рутинска и вкупно беа постигнати 19 поени на двете страни, па Гостивар со 78:62 прослави нова победа.

На вториот меч кој исто така беше дел од денешната програма во Првата лига, ТФТ Скопје остана при самиот врв и ја забележа петтата победа во домашниот шампионат, славејќи триумф на гостувањето во Кавадарци.

Еуро Никел го започна натпреварот како подобро ранигран тим на табелата, но ТФТ со победата од 79:86 ги потисна домаќините на поредокот и ја зазема третата позиција со 12 освоени бода, исто колку што има и Работнички.

Тајсон Харис со 15 поени беше најдобар поединец во победничкиот тим, додека за домаќините од Кавадарци не помогнаа ниту 18-те поени на Мијатовиќ и 17-те на Дарко Соколов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни