Поврзете се со нас

БИБЛ лига

ТФТ со убедлив пораз од Хапоел стави крај на БИБЛ авантурата

Објавено

на

blank

ТФТ беше без шанси за завршниот турнир во БИБЛ лигата по тесниот пораз од Берое во Стара Загора од 91-90, а вечерва стана јасно дека втората фаза во регионалното натпреварување ја завршува без ниту една победа.

Македонскиот претставник стави крај на својата авнатура во БИБЛ лигата, откако денеска одново стана јасно дека Хапоел Гилбоа Галил е за неколку класи подобар тим од ТФТ.

Скопскиот прволигаш настрада на гостувањето во Израел кај истиот противник, а за жал, убедлив пораз претрпе и вечерва на домашен терен изразен со 34 поени разлика.

ТФТ имаше егал ситуација само во првата четвртина во која одигра навистина квалитетно (22:23), но Израелците го засилија темпото во продолжение и ја управдаа улогата на апсолутни фаворити во мини групата од три тима.

На крајот, натпреварот заврши со конечни 71:105 и ТФТ ја заокружи својата дебитантска сезона во регионалното натпрварување, а на последниот меч, најефикасен беше Херис со 14 поени и 4 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни