Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ се засили со центар од Русија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TFTbasketballTEAM

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје е посилен за рускиот интернационалец Алекс Котов.

Котов е засилување за борбата по обрачите, играч кој може да ги покрие позициите четири и пет. Тој во ТФТ доаѓа од редовите на Уралмаш со кого настапил во ВТБ лигата.

-Алекс е 208-сантиметарски крилен центар од Русија, кој играше во ВТБ лигата, а претходно настапуваше на НЦАА ниво со тимовите на универзитетите Кемпбел и Илиноис. Неговото искуство во елитни лиги го прави важен додаток на нашиот состав.

-Со силна физичка присутност и изразена одбрана, Алекс ќе донесе нова димензија во играта на ТФТ. Неговата способност да игра на различни позиции ќе биде одличен ресурс за тимот, -порачаа од таборот на ТФТ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни