Поврзете се со нас

АБА лига

ТФТ се „исклучи“ во второто полувреме и претрпе тежок пораз од Широки Бријег (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ABA_League2

Кошаркарите на ТФТ претрпеа уште еден пораз во АБА2 лигата, вкупно седми во деветтиот меч во актуелнава кампања.

Подобар од составот од скопско Тафталиџе беше Широки Бријег кој славеше со 81-58. Македонскиот претставник одигра квалитетни 20 минути кои ги заврши со предност од 41-37, меѓутоа по паузата се „исклучи“, како да излезе друг тим на паркетот особено во третиот период во кој постигна само 4 поени.

Противникот тоа знаеше да го искористи и на крајот дојде до убедлив триумф од 23 разлика.

Костоски со 14 поени беше прв стрелец, Андерсон и Бишоп уфрлија по 10 кошеви. Кај победникот, Литл беше автор на 22, а Најт на 19 поени.

ТФТ во наредната рунда се соочува со Осијек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни