Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ рутински против Академија ФМП

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Кошаркарите на ТФТ Скопје остварија ритински трумф над градскиот ривал Академија ФМП во вечерашната пресметка во салата „Незавсна Македонија“ во рамките на 15. коло во Првата лига.

Четата на Боро Смилковски триумфираше со 90:62 во дуел во кој фаворитот сите дилеми околу победникот ги реши во првите 20 минути кои ги реализираше со 46:26. Во продолжението разликата дополнително се зголеми, па на крајот беше плус 28 што секако е добра вест за ТФТ за кревање на самодовербата пред настапот на новиот турнир во АБА2 лигата.

Резервистот Зафиров со 19 поени беше прв стрелец кај „црно-белите“, на другата страна Нилд уфрли 20 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни